Оска на соработка: Туризам
Носители на проектот
Настан кој ја одбележа претходната година е физибилити студијата за соработка во областа на туризмот во јули 2011 година. Оваа студија имаше за цел да развие институционална соработка во областа на туризмот Регионалниот Совет на Долна Нормандија и Југозападниот плански регион во Македонија. Соработката во доменот на туризам е значајна за развивање на способностите на локалните чинители од јавниот и приватниот сектор. Таа е исто така битна за поттикнување на развојот на туризмот на Југозападниот Регион.
За полесно одвивање на соработката, оваа година се воведува на нова оска „Туризам“ која се базира на веќе постигнатите резултати од поранешната оска „Одржлив туризам“. Во оваа оска ќе се работи на создавање на стратегија за развој на туризмот во Југозападниот плански регион и јакнење на капацитетите на локалните власти во областа на развој на туризмот.
Macedonian