Macedonian
На 28 јуни 2014 година канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија заедно со многубројни организации, посетители и жители на Сараево, присуствуваше на одбележувањето на почетокот на Првата светска војна. Пред 100 години на истиот датум и истото место, австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд бил убиен од деветнаесетгодишниот Гаврило Принцип. Овој настан се смета за повод на започнувањето на Првата светска војна, исто така нарекувана и „Големата војна“, која што ја променила картата на Европа засекогаш.
На улиците на главниот град на Босна и Херцеговина, голем број посетители, локални и меѓународни гости учествуваа во културните, спортските и едукативните настани организирани во сеќавање на војната. За време на комеморативните настани, жителите раскажуваа приказни за тој историски момент, но, го споменуваа и блиското минато, војната на Балканот која се случи пред 20 години.
Сараево, исто така познато како срцето на Европа, во минатото навистина го стави своето срце во прилог на слободата и таа слобода ја плати скапо. Нашите разговори со жителите нè потсетија одново за важноста да се задржат сеќавањата од тие тешки времиња, и да се сподели пораката за мир, солидарност и дијалог во спомен на тие кои го дале својот живот за слободата.
Посветени на тие вредности, програмата за децентрализирана соработка ги опфаќа и темите на културно наследство и сеќавање, поврзани со Првата светска војна и Источниот фронт.
Координација [2]
03.07.2014