Културна размена меѓу млади од Македонија, Бугарија и Франција во Мервил-Францвил и Иф, Франција
Од 24 август до 1 септември 2013 година, 36 млади од Франција, Македонија и Бугарија се сретнаа на нормандиското крајбрежје со цел да разменат знаења за европските вредности и еко-граѓанството.
Младите Французи и Македонци имаа прилика да се запознаат минатата година во Македонија, за време на младинската размена во Дебар. Оваа година, тие повикаа и трета земја, Бугарија. За време на престојот се работеше главно на две теми. Првата се однесуваше на образование, подигање на свет и животна средина. Додека втората на претставување и ангажираност на младите во рамките на Европската унија. Темите претставуваа спроведување на идеите настанати за време на младинската размена во 2102 година во Македонија за подигање на свеста за европските различни култури и се одѕив на Европските избори во 2014 година. Проектот за младинската размена финансиски е поддржан од Европската програма „Млади во акција“.
Од 2010 година, градовите Иф (Франција) и Дебар работат во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, на заеднички теми за културно разбирање и мобилност на млади.