Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Македонски фармери и техничари за млеко на работна посета во Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Фармери и техничари за млеко од Македонија ќе ја посетат Франција во периодот од 14-20 мај 2013 година. Сопствениците на пилот фармите со кои што ФФРМ работеше и во претходниот период  и еден техничар за млеко се дел од делегацијата на земјоделци кои ќе ги посетат фармите во Долна Нормандија.
 
Мисијата претставува дел од редовните активности во рамките на проектот, при што во текот на мисијата е предвидено: посета на фарми, обука на техничарот за млеко, посета на млекари, откупни пунктови, лаборатории, кооперативи итн. Целта на мисијата е фармерите да се запознаат со нови практики  методи на работа кои би можеле да ги користат во делот на подобрувањето на хигиената на фарма, исхраната на добитокот, а на таков начин би придонеле кон подобрување на квалитетот и квантитетот на млеко на нивните фарми.
 
Фармерите учесници во мисијата ќе имаат можност по враќањето во Македонија практиките ги применуваат на својата фарма, но и да го прошират знаењето кое што го стекнале во Франција на останатите фармери-млекопроизводители.
Macedonian
13.05.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“