Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Француски земјоделци за меѓународен развој (АФДИ)

Printer-friendly versionSend to friend
КОНТАКТ
Име на организацијата : Француски земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) од Долна Нормандија
Адреса : 2 avenue du Pays de Caen  - Zone Normandial 14914 Caen Cedex 9
Телефон/факс : 02 31 70 88 98 / 02 31 70 88 92
Интернет страница : www.afdi-opa.org
Лице за контакт : Мари Одил Таверние или Жан Пјер 
 
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Француски земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) е асоцијација создадена во 1975 година од страна на повеќе француски земјоделски професионални организации (FNSEA, APCA, CNMCCA, JA) и која се залага за меѓународна солидарност. АФДИ во Франција е претставена преку 14 регионални асоцијации, 5 асоцијации на ниво на департман и 1 национална асоцијација задолжена за единство на движењето. 
АФДИ од Долна Нормандија е една од четиринаесетте регионални асоцијации којашто беше создадена во 1981 година. 
 
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Француски земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) веќе 30 години се залага за поддржување на земјоделците од земјите во развој и нивните организации.
Повеќе од 6 000 членови од АФДИ кои работат како земјоделци или земјоделски техничари работат на проекти за развој имајќи заедничка визија: да им се помогне на земјоделците од југ преку локална солидарност. 
Според АФДИ, земјоделските и руралните организации се најистакнатиот израз на оваа солидарност во земјите во развој. АФДИ нуди финансиска и техничка поддршка на повеќе од 60 земјоделски организации во земјите на југ. Преку нив, се обезбедува одржлив земјоделски развој.
Покрај тоа што финансира проекти за развој, АФДИ сака да стане вектор за размена меѓу земјоделскиот свет со земјите од север и југ. Асоцијацијата смета дека следниве  активности се приоритетни: подигнување на свеста на земјоделскиот свет за предизвиците на земјоделството во земјите во развој, културна и техничка размена меѓу земјоделците и организирање на политички дијалог меѓу земјоделските организации. 
Во контекст на глобализацијата, АФДИ смета дека е клучно земјоделството да стане приоритетен сектор за ефикасна борба против сиромаштија и глад. Дијалогот и размените меѓу земјоделците претставуваат средство за здружување на знаењата за да се постигне оваа цел и да се спроведат волунтаристички политики на национално и меѓународно ниво.
 
ЦЕЛИ
- Поддршка на земјоделските организации од југот за промовирање на руралниот развој,
- развој на услуги за членовите на земјоделските организации,
 - зајакнување на стратешките и организациските капацитети и на автономијата на земјоделските организации,
- консолидирање на сојузите меѓу земјоделските професионални организации од север и југ со цел да се зајакне значењето на семејното земјоделство, 
- подигнување на свеста на земјоделскиот свет во Франција за проблематиките на руралниот развој во земјите од југ.
АФДИ исто така има за цел да промовира рамноправни односи меѓу северот и југот преку:
- информирање на француските земјоделци за земјоделските проблематики на југ,
- мобилизирање на европските земјоделски професионалци во насока на активности за соработка,
-зајакнување на стратешките сојузи меѓу земјоделските професионални организации во Франција и во земјите во развој.
 
ОПШТИ АКТИВНОСТИ
АФДИ од Долна Нормандија има: 
- партнерство во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија со Федерација на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) од Македонија и Иницијатива за земјоделски развој на Косово (IADK) од Косово. Целите се: подобрување на профитабилноста на производството на млеко преку здружување на земјоделците и здружување во кооперативи.
- Партнерство со Асоцијацијата на професионални земјоделски организации во регионот Куликоро (AOPP RK) и Унијата на млекопроизводители (UPL) во Мали за поддржување на земјоделските организации, развој на сточарски активности, промоција на земјоделски организации на жени и комерцијализација.
- Партнерство со мрежата на земјоделци FNN во Камбоџа за поддржување на  федерацијата и нејзините активности (комерцијализација, штедење, кредит, обука на младите, мрежа на жени), како и за нејзино признавање од страна на администрацијата. 
- Активности за образование за развој во Долна Нормандија (со учество во средните земјоделски училишта, во земјоделските професионални организации, на конференции, со штандови на разни настани, преку праќање на брошури и сл.).
Активностите на АФДИ се спроведуваат преку техничка поддршка, обуки, работилници, совети, мобилизирање на професионалците од север, поддршка на економските, политичките и синдикалните стратегии.
 

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“