Француските фармери од АФДИ, г. Ришар Деминик и г-ѓата Одил Лебарбеншон, ја посетија Македонија во периодот од 27ми февруари до 4ти март 2012. Работната мисија ја започнаа во Скопје, со учество на „Балканската конференција за управување со кооперативите во услови на пазарна економија“, која се одржа на 28ми февруари. Пред присутните фармери и новинари од Македонија и Косово, француските фармери ја претставија соработката меѓу АФДИ и ФФРМ.
По повод „Балканската конференција за управување со кооперативите во услови на пазарна економија“, во периодот од 27ми февруари до 4ти март, во Македонија ќе престојува француската делегација на фармери, во рамките на оската развој на земјоделството.
Обука за вoдење на сметководствената евиденција на фарма, што ФФРМ како нов пакет на услуги ги нуди за своето членство, се одржа во јули во Горна Бањица за претставници на Здружението на одгледувачи на крави „Вардар“ од Гостивар.
Македонска делегација составена од претставници на ФФРМ и млеко-производители имаа можност да ги посетат фармите во Долна Нормандија, лабораториите за производство на млеко, земјоделската банка, техничкиот начин на работа со одделни групи на фармери, но и да присуствуваат на генералното собрание на АФДИ.
Од 16 до 26 февруари 2011 година, двајца претставници од АФДИ беа во посета на Македонија. Целта на студиската посета беше да се остварат средби со идентификуваните пилот групи.